Децата со посебни потреби кои се лекуваат во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо “ и децата во детското одделени при Општата Болница во Охрид денеска ги посети Дедо Мраз.
Со повеќедневна предновогодишна програма и со заедничка целодневна, ноќна и полноќна програма, Прилеп ќе ја пречека новата 2019 година.
Регионалната дирекција на УЈП со седиште во Битола соопшти дека досега во системот на e-pdd и само на подрачјето на општина Битола регистрирани се 33.430 граѓани.
Територијалната противпожарна единица – Струга апелира до граѓаните да бидат внимателни во пресрет на новогодишните празници, да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства, да не управуваат со превозни средства доколку конзумираат алкохол, да паркираат на безбедни места.
Годината што изминува беше во знакот на младинското ангажирање заклучија претставниците на граѓанските организации во Штип, кои присуствуваа на новогодишното дружење што здружението „Медиа плус“ го организираше во Граѓанскиот ресурсен центар–Штип.
Националниот Ромски Центар ќе продолжи со укажување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните, посебно маргинализираните групи граѓани, од сите области, здравство, социјала, правна помош за најранливите.
Учениците од Куманово ги оценуваа возачите, прописно паркираните со пет, непрописно со единица. Активноста се реализира во соработка со СВР Куманово и општина Куманово во рамки на кампањата „Недела на безбедност во сообраќајот во Куманово“. Екипите на отсекот за превенција, на општина Куманово и ученици од сообраќајните тимови и полицијата поделија флаери на возачите во Куманово.
Општина Кочани ги заврши градежните работите за подобрување на инфраструктурните услови во планинскиот туристички центар Пониква на Осоговските планини.
Малиот групен дом во Штип ќе се отвори на почетокот на наредната година. Во него ќе бидат сместени четири дечиња, кои сега се згрижени во Домот без родители „11 Октомври“ – Скопје. Директорот на Центарот за социјални работи -Штип Станко Димитров вели дека капацитетот е за седум деца, но на почетокот ќе стартуваат со грижа на четири дечиња.
Во Куманово, по 11-ти пат се одржа манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“ која традиционално ја организира мото клубот, „Мечки“.