Најстуден град во Макдонија утрово е Берово со измерени шест степени под нулата во 7 часот, а највисока снежна покривка од 19 сантиметри има на Попова Шапка, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
„Подај рака" е мотото на 5. хуманитарна детска модна ревија што ќе се одржи денеска во спомен куќата „Тодор Проески" на Гумење во Крушево. Моделите за ревијата ги изработија студентите од Технолошко-техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев" во Штип, под менторството на Ванѓа Димитријева Кузманоска.
Намалена видливост од 50 до100 метри поради магла утрово има на патните правци Скопје – Куманово, Куманово – Св. Николе, Неготино – Демир Капија, Велес – Штип и Велес – Катланово, соопшти АМСМ.
Охридските хотелски сместувачки објекти најавуваат одлична посетеност за престојните новогодишни празници. Речиси сите капацитети се веќе закупени, традиционално најбројни и оваа година се гостите од соседните држави, но ќе има и гости од западноевропските земји.
Штип за првпат доби лизгалиште, кое веќе е монтирано на плоштадот „Слобода” и претставува вистинско изненадување за децата и младите. Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски рече дека минатата година ја вовеле Новогодишната бајка, а годинава ќе се постават и типски куќички на плоштадот.
Енергетска ефикасност на јавни објекти, реконструкција и изведба на нова патна инфраструктура и подготовка на техничка документација за рехабилитација и изградба на нова патна инфраструктура во општините Струга, Охрид, Дебрца, Вевчани и Кичево се трите клучни проекти, што изминатава година ги реализираше Југозападниот плански регион во вредност од 26 милиони денари.
Општина Битола ја утврди програмата за развој на спортот и приоритетите за поддршка на програмите за спорт и спортско-рекреативни дејности во 2019 година.
Седумнаесет редовни студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија ќе бидат корисници на едногодишни стипендии што од сопствениот буџет ги обезбеди Општина Кочани.
Хуманитерно трчање за подигање на свеста за постоењето на ретка белодробна болеста - Пулмонална хипертензија. Трката ќе се одржи на 23.12.2018, недела и ќе започне во 09:00 часот од плоштадот во Струмица, а финиш линијата е во Гевгелија, со должина на патеката од 50 километри.
Во преполната сала на Општина Бутел денеска беше извршена јавна презентација на основните проекти за новите градинки: ,,Бутел 2,, и ,,Св. Климент Охридски“.