На патниот правец Скопје – Велес пред наплатна станица Сопот поради одрон сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента во должина од 200 метри, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов и градоначалникот на општина Свиштов, Република Бугарија Генчо Генчев на денешната средба во Дојран потпишаа меморандум за соработка.
Во тек е постапката за ликвидирање на двете регионални претпријатија за источниот и севроисточниот регион, кои беа формирани за стопансиување за регионална депонија.
На сцената на Националната установа Центар за култура, Крива Паланка продефилираа околу сто и педесет млади играорци, учесници на детскиот фолклорен концерт. Учествуваа најмладите членови од Културно-уметничкото друштво „8 Октомври”, кое работи во рамките на НУЦК, Крива Паланка и Ансамблот за фолклор „Плетенка”, Битола.
Во населеното место Градашорци денеска во организација на општина Василево се одржа традиционалната манифестација „Ден на празот“.
Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари синоќа во Швајцарија се сретна со претседателот на Здружението „Кичево”, Гафур Шербет, како и со кичевци кои живеат и се на привремена работа во ова земја.
Осум ученици од Општинско основно училиште „ Димитар Влахов“ утре заминуваат во градот Троген во Шавјацарија, каде по петти пат ќе бидат дел од проект, во чии рамки ќе учат за детските права.
Загубата на вода во водоводниот систем во Скопје изнесува околу 50 отсто, додека според европските и светските искуства и трендови оптималното ниво на загуби на вода се движи меѓу 20-25 отсто. Како земја кандидатка за членство во Европската Унија мораме да ги следиме овие трендови и да го достигнеме овој процент во наредните години.
Напојувањето на тунелите со електрична енергија на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија, како што најави ЕВН, од вчера ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина напојување ќе има само од страна на Удово.