Во тек е изградба на локален патен правец во Кривопаланечкото село Трново и реконструкција на пат во селото Конопница, што се реализираат преку Центарот за развој на североисточниот плански регион.
Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ интензивно работат на засадување нови зимзелени, листопадни садници и грмушки на повеќе локации во Куманово, информираа денеска надлежните од претпријатието.
Вкупно 19 невработени лица го започнаа својот ангажман како дел од програмата за општинско-корисна работа која како дел од проектот „Хуманоста на дело“ во Македонска Каменица ќе се спроведува во наредните неколку месеци.
Секторот за односи со јавност на Клиничка болница-Битола информира дека за прв пат во таа здравствена установа извршена е операција на проширени вени на пациент, женско лице родено 1975 година.
Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Соларната асоцијација на Македонија потпишаа договор за соработка, со кој студентите ќе можат да учествуваат во проектирање и изработка на соларни панели.
Интензивно се работи на изградбата на хидросистемот Конско кај Гевгелија, кој ќе обезбеди дополнителни количини вода за наводување на обработливите површини во овој регион, соопшти Министерството за земјоделство, шумарсто и водостопанство.
Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат го потврдуваат случајот и велат дека пломбирањето е поради работење без дозвола.
Се поизвесно е отворањето на граничниот премин „Клепало“ што Берово ќе го поврзе со жителите од соседна Република Бугарија.
Дебата на тема „Регрантирање – искуства, научени лекции, перспективи и предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) .
Фокус групата како дел од проектот „Помош на рутата- подобрување на правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил во Македонија и Србија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права.