Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот следната година со општините Прилеп, Охрид, Битола и Ресен ќе работи на туристичко означување на чаршиите и старите јадра што се препознатливи туристички вредности.
Државниот инспекторат за земјоделство вчера организираше акција за спречување на рибокрадци на Охридското езеро. Акцијата се одвиваше со поддршка на припадниците на езерската полиција од СВР Охрид, а беше иницирана од сознанијата дека се врши масовно рибокрадење, особено во регионот на селата Калишта, Радожда, Пештани.
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вработува четворица пилоти, раководител на oдделение за специјализирани услуги со воздухоплови и двајца воздухопловни механичари.
Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за спроведување заштитни мерки – попис и идентификација на приемчиви животни на болеста Африканска чума кај свињите, со што ги прошири превентивните мерки за спречување на појава и ширење на оваа болест.
Еколозите бараат од Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање да почнат со итна примена на краткорочни и среднорочни мерки насочени кон намалување на загадување на воздухот во градот. Според најновиот извештаи објавени на конференција за аерозагадување организирана од Светската здравствена организација жителите на градовите во Македонија дишат најзагаден воздух во цела Европа.
Патот кој го поврзува Качаник со Генерал Јанковиќ, односно со границата со Македонија на преминот Блаце, денеска ќе биде затворен неколку часа поради градежни работи на таа делница од новиот автопат Приштина-Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во организација на НУ „Завод и музеј Струмица“ синоќа во хотелот „Сириус“ во Струмица почна Петтиот меѓународен симпозиум по археологија.
Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2019 година беше тема на денешната јавна расправа што се одржа во Крива Паланка.
Општина Чешиново-Облешево ќе биде првата општина, која ќе доби „Еко- етно село“, најави директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР), Драгица Здравева.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска со видео презентација на реализираните проекти даде отчет за сработеното во првата година од неговиот мандат.