На планината Голак во Делчево заврши првиот дел од изградбата на новата црква „Св.Пантелејмон”. Како што информираше ктиторот Мите Стојковски со градежни активности ќе се продолжи во текот на пролетта 2019 година.
Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски организираше прием на делегации на Организацијата на резервни офицери на Македонија, предводена од претседателот проф.д-р Ѓорѓи Малковски, претставници на ОРОРМ Крива Паланка и гости од Организација на резервни воени старешини од Зрењанин , Србија.
Во организација на Мотоклубот „МотоВелес“ и со финансиска подршка на Општина Велес, денеска од 10 часот во реонот на велешкото езеро „Младост“ ќе се одржи четвртата трка во ендуро од Државниот шампионат на Македонија.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, вечерва во Хотелот „Цар Самуил“ во Бања Банско ја отвори 21 Тортијада на лицата телесен инвалидитет.
Како дел од проектот „Градење инфраструктура за одржлив развој на туризмот”, општина Берово го доби првиот дигитален информативен пункт. Опремата е вредна 9.000 евра и истата е поставена во Музејот на град Берово.
Бараме поголеми права и грижа на заедницата за лицата со различна попреченост, со хендикеп и со церебрална парализа, побараа денеска неколку прилепски здруженија и родителите на лицата со попреченост во центарот на градот. Со ова, велат, се приклучуваат на акцијата низ македонските градови денеска од 12 до 13 часот насловена „Рехабилитација базирана на заедницата“.
Родители на деца и возрасни со посебни потреби и граѓански активисти денеска се сообраa на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, со цел да ги потсетат и локалната и централната власт на нивните барања, кои како што велат, што се уште почнале да се реализираат.
Во Македонска Каменица заврши есенската акција за заловување кучиња скитници. Како што информираше градоначалничката Соња Стаменковска спроведувањето на акцијата се реализирало со помош на ветеринарна служба од Куманово која заловените кучиња скитници во понатамошниот третман ќе ги смести во стандардизирано прифатилиште.
Со натпревар во играње табла и трка на келнери денеска на Плоштадот во Валандово ќе почне манифестацијата „Ракијада 2018“.
Во штипската Клиничка болница работат сите апарати, освен апаратот за операции на катаракта на Очното одделение. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев појаснува дека во секој момент чекаат замена на делот на овој апарат.