По повод 11 Ноември, Денот на општина Старо Нагоричане вчера се одржа свечена седница на Советот на општината на која градоначалникот Жаклина Јовановска, додели пет ноемвриски награди, за кои претходно одлучуваше Kомисијата за одбележување празници и манифестации.
Тетовското село Беловиште денеска ќе биде домаќин на 8. „Шарпланинска костенијада“ - саем не костенот, медот, виното, традиционалната трпеза и локалните производи.
Околу илјада струмичани на најразлична возраст денеска учествуваа во трката и донираа за седумгодишната Нина Димитриевска, која треба да замине на операција во САД за која и се потребни 65 илјади евра.
Завршија градежните работи на улицата „Илинденска” во Делчево. Реконструкцијата на оваа улица, беше еден од приоритетите на општината со цел граѓаните од овој дел на градот да не газат повеќе по калливи улици, истакна градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски.
Еуромакс Ресоурцес сака да истакне дека ги поддржува сите невладини здруженија и активности организирани согласно домашната законска регулатива и ја поздравува секоја активност која се залага за заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Но, според нас, тоа не мора да биде на сметка на добросостојбата и просперитетот на локалната заедница.
Со двочасовна блокада на крстосницата на влезот во Струмица од правците на Валандово и граничниот премин Ново Село, активистите на Здружението „Здрава котлина” и граѓани од Струмичко уште еднаш го искажаа своето спротивставување на отворање на Рудникот за злато и бакар „Иловица-Штука” на компанијата „Еуромакс Ресоурцес”.
Општините Виница и Македонска Каменица започнаа партнерски проект за формирање и јакнење на капацитетите на месните заедници во селските населби.
Петнаесет лица од Кавадарци и Росоман аплицирале за финансиска поддршка како млади земјоделци, преку националната програма за рурален развој.
Инаку, ова е втор дел дел од пошироката сообраќајно-воспитна акција ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот” што под мотото “Поддржуваме безбедна иднина за најмладите“ ја спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачјето на главниот град.
Една година по преземањето на градоначалничката функција, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска се пофали со голем број успешно реализирани проекти, во областа на инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, спортот и културата.