Во Прилеп деновиве интензивно се асфалтираат улици. Досега се завршени четири, а во наредниот период ќе се асфалтираат десетина улици во градот, нагласи прилепскиот градоначалник Илија Јованоски при денешниот увид на градежните работи на улиците „Јоска Јорданоски“ и „Февруарски поход“, каде се во тек завршните работи пред почетокот на нивното асфалтирање.
Архитектонскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје воведува нов пристап во урбанистичкото планирање на просторот, заради што за студентите започнува практична настава на терен со што ќе се запознаат со конкретните потреби на локалните заедници.
Општина Кавадарци ќе искористи бунари за обезбедување технолошка вода во градот, најави градоначалникот Митко Јанчев во изјава за МИА.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска на работен состанок со политички претставници од пелагонискиот регион разговарал за заложбите на МОН за подобрување на квалитетот на образованието за учениците од тој дел на Македонија.
Оневозможен е пристапот до Спомен кулата во Кавадарци, која е историско и културно наследство. Вака се пожалија околни жители, реагирајќи на, како што рекоа, постапката на поединци од соседството.
Штипската Клиничка болница (КБ) пред два дена ја објави одлуката, кои лица се примени на огласот за вработување, а во моментот течат роковите за жалби во однос на одлуката, информираше на денешната прес-конференција директорот на КБ-Штип, Ален Ѓеорѓијев.
Традиционални килими изработени во Охрид што датираат од втората половина на 19 век ќе бидат изложени во рамки на поставката „Софрата“ што од утре ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид.
Бигорската обител одбележа 20 години од свеченото преосветување на бигорскиот храм на Чесниот Претеча и Крстител Јован.
Утре почнуваат средбите со земјоделците во Царев Двор, Спанчево, Соколарци, Логоварди и Оптичари кои треба да го консолидираат своето обработливо земјиште. Ќе се утврдува дали и колку се подготвени да ја спроведат консолидацијата.
Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари самиот го чипираше првото куче скитник со соодветен чип на увото на кој ќе биде забележано местото од каде доаѓа и бројот на кучето што вака е третирано.