Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј денеска беше во посета на Општина Охрид, во чии рамки заедно со градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски го посетија општинското основно училиште „Братство и единство“.
Нивото на реката Вардар е над просекот за септември кај Демир Капија, Велес, Јегуновце и Зајчев рид во Скопје. УХМР евидентира зголемено нивото и на Црна Река кај Новаци и на Црни Дрим кај Ложани.
Советот на млади и членовите на младинскиот клуб при Црвен крст вечерва дебатираа за идните начини на соработка, која треба да придонесе за конкретни активности во насока на подобрување на квалитетот на живот на младите од Делчево.
Во организација на движењето против хендикеп „Полио Плус“, денеска во просториите на прилепското средно економско училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп, беше организирана панел дискусија.
Дивите депонии и непланското и неселектирано исфрлање на отпадот беше тема на јавната дебата што денеска се одржа во Кочани, а чиј организатор беше невладината организација „Зелен институт“ од Скопје.
Општина Битола се приклучи на јавната кампања која во Европа ја реализираат 2.595 градови и кои ја одбележуваат европската недела на мобилност со посебен фокус на безбедноста во сообраќајот.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и верски групи на Македонија, Даријан Сотировски денеска ја посети гостиварската муфтинија.
Државниот секретар од Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, од 17-19 септември учествува на конференција „Разбирање на ризиците Балканот“.
Секторот за односи со јавност на општина Битола информира дека Градежниот Институт Македонија-ГИМ, избрана консултантска фирма, го доставиле прелиминарниот извештај за физибилити оценка на предложените технологии за избор и изведба на пречистителна станица на Пелистер.
Президиумите Слатко од диви смокви, Буковска пипер, Вино „станушина“ и Мед од македонската медоносна пчела ќе бидат изложени на 12. Меѓународен саем на Слоу Фуд: Тера Мадре Салон дел Густо во Торино, Италија.