Штип се вклучи во одбележување на Светскиот ден на чистење на отпадот преку реализирање две акции. Се чистеше во старата штипска населба Ново Село и кај новата Пошта кај Градскиот стадион. Ученици, екологисти и екипи на двете јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион“ го чистеа отпадот.
Во организација на здружението „Go Green“ со поддршка на Министерството за животна средина во Делчево се организираше акција за чистење на неколку локации во градот.
Во Кочани започна реализацијата на едногодишен проект за воспоставување функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадното ПЕТ пакување.
Општина Новаци, Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, историчари, истражувачи, рекреативци, туристи и спортисти, од утрово и во текот на цел ден, го одбележуваат 15 септември, денот кога пред 100 години на Добро Поле е пробиен Македонскиот фронт.
На езерото „Младост“ во близина на Велес ќе се одржи петтото издание на традиционалниот „Велешки пливачки маратон“.
Дебатата се организира во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија која ефинансисрана од Швајцарската агенција за развој.
Владата води посебна грижа за тутунопроизводителите преку зголемени субвенции, а оштетените земјоделци од јулското невреме во најбрз можен законски рок ќе дознаат како ќе бидат обесштетени, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски по денешната посета на Прилеп.
На универзитетот „Гоце Делчев“ Штип денеска и во понеделник е вториот уписен рок за пријавување на студенти во прва година за академската 2018-2019 година.
Претставници на Локалниот граѓански совет на Општина Велес, односно невладините организации од Велес денеска дебатираа за улогата на невладиниот сектор во активностите на планот на волонтаризмот за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните. Тие дискутираа и за нивната улога во евроатлантските интеграции.
Општина Кочани објави јавен оглас за избор на најуспешен земјоделец - производител на ориз за 2018 година што во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз” ќе се одржи на крајот на септември.