Со прием на македонските државјани кои живеат во Солун, во конзулатот на Република Македонија вчера беше одбележан денот на независноста, 8 Септември.
По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија денеска делегации од Собранието, АРМ, МВР, Здружението на борците, од општина Куманово, од Советот на општината, политички партии, претставници на граѓански здруженија, установи и институции положија цвеќе пред споменикот Жена борец на градскиот плоштад во Куманово.
Со одвоени прослави во два различни термини на исто место, Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово, општинската организација на СДСМ и општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово го одбележаа 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.
Со положување цвеќе пред Спомен-костурницата на паднатите борци од НОВ во Гевгелија денеска беше одбележан Денот на независноста - 8 Септември.
Со полагање цвеќе на спомен-бистата на паднатите борци од Народноослободителната борба во Крива Паланка денеска беше одбележан Денот на независноста на Република Македонија-8 Септември.
Мини двосед “БМВ изета” од 1955 година, со врата што се отвора однапред, заедно со воланот и предното стакло, е атракција во Кавадарци, уште пред официјално да почне денешната изложба на олдтајмери, во рамки на тридневната манифестација “Тиквешки гроздобер”.
Во организација на општина Велес синоќа во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес се одржа концерт на староградски македонски песни.
Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и огранокот за Голо Брдо до македонскиот државен врв и до сите Македонци каде и да се, упати честитка по повод 8 ептември, Денот на независноста на Република Македонија.
По повод Денот на независноста – 8 Септември денеска во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи Фестивал на различностите, а ќе биде отворена и изложба со фотографии од Струга некогаш и денес.
Седницата ја отвори претседателот на Советот Ристо Сакалиев, а пред присутните се обрати и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Тој се наврати на деновите на ослободувањето и за жртвите кои со крв ја платиле слободата, а оставиле аманет за грижа за неа и за Кавадарци.