Обезбедени се нови 10 милиони денари за доизградба на патниот правец Бигла - Виница. Со дополнителните средства од државниот буџет предвидено е асфалтирање и реконструкција на дополнителни 2 километри од овој патен правец со комплетна реконструкција на патот кој поминува низ село Трсино.
Заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески заедно со тимот од домашни и странски експерти денеска во општина Битола остварија средба со градоначалничката Наташа Петровска.
Роеви оси нападнале неготинци, поради убодите во глава побарале лекарска помош, потврди за МИА доктор Ратко Грков, специјалист по семејна медицина. Тој појасни дека станува збор за седум посебни случаи.
Осумдесет и девет сообраќајни несреќи се случиле во тетовско во текот на август оваа година. Оваа бројка е за четири несреќи помала во однос на истиот месец лани, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Здружението „Напредни лозари“ со свои претставници го мониторира откупот на грозје во Тиквешијата и засега нема поголеми проблеми, вели за МИА Трајче Кулев, претседател на здружението.
Вина на „Тиквеш“ на натпревар на вина и жестоки пијалаци во Хонг Конг, Кина освои шест медали. Генералниот директор на ВВ „Тиквеш“ Радош Вукиќевиќ смета дека освоените награди значајно ќе ги зголемат шансите за соодветно позиционирање на „Тиквеш“ како производител на квалитетни вина кои потекнуват од Европа, што е особено важно за потрошувачите на кинескиот пазар.
Седум образовни асистенти од Крива Паланка ќе работат со ученици со пречки во развојот во образовните институции од градот во рамки на проектот „Цело е кога има се“ кој локалната самоуправа на општината го имплементира во рамки на програмата општинско-корисна работа, поддржан од УНДП, Агенција за вработување и Министерство за труд и социјална политика.
Со концерт на кој ќе настапат тенорот Влатко Груевски и Андреј Наунов на пијано, в петок ќе се одбележат 74 години од ослободувањето на Делчево. Почетокот на концертот кој ќе се одржи во Спомен дом АСНОМ е закажан за во 20 часот.
Вањо Костиќ од Куманово е единствениот во градот и во Македонија кој веќе десетина години изработува резба на кожа познато како leather craft. Невообичаениот занает за овие простори го усовршил на обука во Аризона во САД. Кожата, како природен материјал, нуди можност за креативност преку кој, Костиќ уметнички се изразува.
Во првото полугодие од годинава на територијата на општина Гевгелија биле заловени вкупно 24 кучиња скитници по пријави од граѓани од страна на ветеринарната станица „Анри-Вет“ и општинската шинтерска служба, соопштија од јавното претпријатие „Комуналец“ во чиј состав работи шинтерската служба.