Инаку, ова е втор дел дел од пошироката сообраќајно-воспитна акција ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот” што под мотото “Поддржуваме безбедна иднина за најмладите“ ја спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачјето на главниот град.
Една година по преземањето на градоначалничката функција, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска се пофали со голем број успешно реализирани проекти, во областа на инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, спортот и културата.
Завршен е проектот на ЈП Водовод и канализација со кој ќе се надмине проблемот со водоснабдувањето во високите зони во Општина Аеродром.
Советот на општина Делчево на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на буџетот за 2018 година со што го намали вкупниот обем за околу седум проценти или за 27,5 милиони денари.
Македонско еколошко друштво соопштува дека 2018 година за балканскиот рис ја одбележаа неколку непријатни инциденти: смртта на рис најден во Косово, пожарите на планината Мунела во Албанија и прегазената женка рис на патот Кичево-Охрид во Македонија.
Во струшкото село Франгово започна изградбата на канализациската мрежа. Вкупната вредност на договорот е 16,8 милиони денари од кои 14,2 милиона денари се обезбедени од ЕУ, додека 2,5 милиони од општината.
Рудниците на смртта во југоисточна Македонија сепак ќе се градат. Уставниот суд ја поништи одлуката на Советот на Општина Гевгелија, со која се распиша и одржа референдумот против овие рудници, во експресен рок, откако канадската компанија „Ресервоар минералс“ поднесе барање да се преиспита уставноста на одлуката на советот на Општината.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска ќе го посети средното економско училиште „Перо Наков“ во Куманово.
Во просториите на извидничкитот одред „Наум Наумовски – Борче“ од Крива Паланка денеска свечено беше пуштен во употреба Извиднички музеј, единствен од ваков тип во Република Македонија.
В недела, на 11 ноември (11.11.2018), точно во 11 часот и 11 минути во Битола, како и низ цела Европа, ќе биде одбележан денот на примирјето од Првата светска војна.