На граничните премини Табановце и Богородица се чека по 15 до 20 минути, а на остатаните гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
Вкупно 25 деца Роми од Кочани кои досега не биле вклучени во образовниот процес од годинава за првпат се запишани во училиште.
Со средства во висина од 4 милиони денари обезбедени од Министерството без ресор во Берово и Делчево се реализираат неколку значајни проекти за подобрување на инфраструктурата во овие две општини.
Премиерот Зоран Заевзаедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска ќе присуствуваат на отворањето на пензионерските спортски игри во Радовиш.
Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Аксел Ахмедовски синоќа имаше работна средба со граѓаните од ромската заедница од Делчево.
Во излетничкото место кај манастирскиот комплекс „Света Богородица“ кај селото Скребатно денеска по шести пат се одржа туристичко-промотивната манифестација „Охридска софра“.
Со завршна приредба на учесницте на Попова Шапка заврши „Летната школа за српски јазик и култура“ (Летња школа српског језика и културе) што изминатава недела од понеделник до денеска ја организираше Здружението на Срби и Македонци КУД “Бранко Чајка” од Тетово, информираше претседателката на Здржението Соња Андонов.
Заврши летниот турнир во шах во организација на Шаховскиот клуб „Каменица-Саса“. Турнирот во текот на изминатите 17 дена се играше според швајцарски систем на натпреварувања, а епитетот првак во машка сениорска конкуренција го понесе Лазо Стаменковски.
Од 14:45 часот сообраќајот на планинскиот превој Плетвар се одвива наизменично.
Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ реализираат уште една акција за расчистување на „дивата“ мини депонија пред влезот на кумановската населба „Перо Чичо“. Досега, само за еден ден изнесени се 10 камиони со смет, информираше директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски. За чистењето на депонијата ангажирана е дополнителна механизација.