Со положување свежи цвеќиња пред споменикот во прилепската касарна „Мирче Ацев“ започнаа чествувањата по повод 17 години од загинувањето на 10-те бранители од Прилеп во месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово кога на 8 август 2001 во заседа беше пресретнат конвојот на АРМ.
Првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Кочани заминаа на островот Паг, Република Хрватска каде користат седумдневно бесплатно летување.
Во Делчево денеска се одржа информативна трибина во рамки на Проектот „Воспоставување и уредување на планинарска патека Делчево - Туристички локалитет Голак во функција на ЛЕР на Општина Делчево”, финансиран од Европската Унија, Инструмент за претпристапна помош (ИПА).
Службите за инспекциски надзор за заштита на децата при Министерството за труд и социјална политика ивршија вонреден инспекциски надзор во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија и при зедоа изјави од директорката и од вработените во градинката.
Има голем интерес за субвенционирање енергетски ефикасни грејни тела во Кавадарци, констатирала Комисијата за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општината за купување енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година.
Општина Штип во моментов реализира над 50 инфраструктурни проекти, чија инвестициска вредност изнесува над 161.471.000 денари, потенцираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
Општина Штип утре ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците, соопшти денеска Кристина Костова советник за информирање во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип. Запрашувањето ќе се реализира од два до седум часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.
За 11 дена завршува Јавниот повик за купување државно земјоделско земјиште под оранжерии, соопшти денеска Министерството за земјоделство.
Во Охрид денеска почнуваат манифестациите „Денови на мед, вино и сирење“ и „Охрид крафт експо“. До 14 август охриѓани и туристите во градот на плоштадот „Крушевска Република“ кај Стариот Чинар ќе имаат можност повеќе да се запознаат со традиционалните производи главно од охридскиот регион.
За да добијат финансиска поддршка од компанијата, студентите мораа да исполнат неколку критериуми меѓу кои и првпат да бидат запишани на прв циклус студии во прва година во академската 2017/2018 година и првиот семестар да го завршиле со просечна оценка не помала од 8,0 (осум).