Дваесет и пет заболени од мали сипаници, заклучно со 3 август, се регистрирани на територијата на Дебар, објави на својата веб страница Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Двајца преживеани борци од Народноослободителната борба на Македонија, Атанас Наце Златев и Раде Гогов Црноречки, на 95 години пишуваат книга за Диме Поп Атанасов - прва жртва од фашистичкиот окупатор за време на Втората светска војна во Македонија.
Гостиварскиот огранок на ДУИ ја обвини актуелната гарнитура на локалната самоуправа дека манипулира со јавните набавки и при тоа ги прекршува постапките. Градоначалникот Арбен Таравари ги отфрла овие наводи и децидно вели дека сé е според законските прописи.
Општина Гевгелија, како никогаш порано се најде во период на градежна експанзија на капитални проекти што треба да го подобрат квалитетот на живеење и, според стандардите по кои се градат, да ја доближат општината до нивото на развој во ЕУ.
Во рамките на проектот „Rural youth assisting Macedonia in EU integration“ во Делчево ќе се спроведе „Работилница за врсничка едукација за ЕУ и улогата на младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Република Македонија“.
Прилепскиот завод и музеј ги заврши годинашниве едномесечни конзерваторски работи на фрескоживописот во црквата „Свети Никола“ во селото Зрзе, Долненско, на кој се работи неколку години. Црквата е, всушност, во подножјето на манастирот „Свето Преображение“.
Рокот за електронско пријавување на редовните студенти од втора и повисоките студиски години за сместување во студентските домови во академската 2018/2019 година трае до 15 август, а за студентите од прва година ќе биде од 7-ми до 14 септември.
Месната заедница од село Стојаково, општина Богданци, заедно со Македонското еколошко друштво, неодамна со помош на дрон направи снимање на сите гнезда со цел да се изврши првото броење на штрковите во ова населено место кое се смета меѓу местата со најголем број штркови во Македонија.
Миистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство презема мерки за зголемување на бројот и подобрување на расната структура во стадата на овци во Македонија и поради тоа во програмата за 2018 година овчарството финансиски се поддржува со директни плаќања за обележани грла овци од сите категории со 1.000 денари, односно 1.100 за земјоделски стопанства кои имаат пријавено од 101 до 500 грла овци од сите категории.
Штипската Клиничка болница преку проекти од Програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија бара европски пари за два проекта.