Општинската комисија за проценка на штетите од елементарните неподоги во Прилеп објави повик до земјоделците и сите граѓани да достават барања за штети што ги претрпеа од невремето во понеделникот, проследено со силен ветер и град, што го зафати атарот на селата Големо Коњари и Мало Коњари.
Завршуваат подготовките за утрешниот почеток на манифестацијата „Пивофест“ која ќе се одржи од 12 до 15 јули во Прилеп. Во центарот на градот на булеварот „Гоце Делчев“ интензивно се поставуваат штандовите, а булеварот е веќе затворен за сообраќај до понеделник.
Општина Новаци и пограничната општина Аминдео од Грција, денеска почнаа со реализација на заедничкиот проект „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на рурални области“.
Зонското паркирање во Гостивар се очекува да биде воведено до октомври, најавуваат од локалната самоуправа. Во тек е огласот што го објави „Градски паркинг и зеленило“ за избор на фирма која ќе го воспостави, стопанисува и одржува системот за зонско паркирање.
Меѓународната летна демирхисарска школа продолжи со предавања во рамки на теолошката секција кои за учесниците ги одржа професор Виктор Недески.
Во штипската Клиничка болница во коронарната единица денеска во употреба беше предадена донацијата од фирмата „Роби“-Штип, во вредност од 8.500 евра.
Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, го усвои новиот Статут на УКЛО-Битола. Од УКЛО-Битола информираат дека новиот Статут е усогласен со Законот за високото образование, во соодветна простапка и по е спроведена утврдена процедура.
Најавените регионални депонии кои наскоро ќе бидат формирани, воопшто не треба да личат на актуелните - со отпад на купови, пожари и лоша миризба. Напротив, треба да имаат капацитет за инсталирање опрема која би го рециклирала ѓубрето, рече денеска вицпремиерот Кочо Аншушев.
Здружението „Срце за животните-Тиквеш” од Кавадарци денеска алармираше дека е расфрлан отров низ Неготино, при што затруени и отруени се неколку кучиња.