Второ авионско прскање против комарци на подрачјето на Куманово ќе се изврши на 10 јули во раните утрински часови, информираат од општината.
Климатските промени се забрзани и водат кон временски екстреми како поплави, јаки суши, топлотни бранови, интензивни врнежи и бури, кои ќе стануваат вообичаени, покажуваат најновите податоци објавени од Светската метеоролошка организација.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Охрид од утре почнуваат со превентивни активности за подигнување на јавната свест за поголема одговорност и подигнување на степенот на сообраќајната култура во сообраќајот.
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани концерт со наслов „Музика за флејта и пијано“ одржаа флејтистката Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ, со што започна 11. издание на културната манифестација „Петровденски конаци“.
Создавање програми за поголема социјална вклученост и вработување на тешко ранливи групи преку пилот проект во Македонија, беше целта на неколкудневната работната посета на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на Шпанија.
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во првото полугодие од 2018 година остварило зголемен приход од патарини за 55 милиони денари или 5,3 проценти повеќе во споредба со истиот период од 2017 година.
Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за распределба на 53 станови за социјално најранливи категории граѓани, од кои 43 стана во Кочани и 10 во Македонски брод.
Подготвеност на земјоделците да ја заштитат животната средина преку развој на своите вештини, модернизација на фармите, зголемена профитабилност и подобрен пристап на меѓународните пазари, е една од целите на регионалниот проект „БалканРоуд“ што се спроведува во Македонија, Грција, Кипар, Бугарија и Албанија.
- Во последните седум дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денеска се планира откуп од околу 130 тони лубеница, наведуваат од МЗШВ.
На армискиот полигон „Криволак“, денеска свечено ќе биде затворен меѓународниот „Летен кампус 2018“, на кој учествуваат 11 држави.