Министерството за труд и социјална политика во рок од 30 дена треба да ја отпочне постапката за вадење на градежни дозволи за изградба на Дневен центар за деца со аутизам.
Според него, се преземаат мерки превентивно за да се подигне свеста на повисоко ниво и откривањето на болеста, ако случајно се појави, да биде навремено.
Питомци и офицери, учесници во Летниот кампус во Центарот за обука Пепелиште, денеска ги посетија лицата со посебни потреби од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака" од Неготино, се дружеа со нив преку спорт и креативна работилница и им донираа дел од нивната ужинка.
Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2017/2018 година се запишале вкупно 56.941 студенти што е намалување во однос на 2016/2017 година.
Основното јавно обвинителство Скопје ги расветлува причините за трагичниот настан во општина Илинден, во кој вчера животот го загуби 13-годишно девојче, и на утврдување на евентуална кривична одговорност.
Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ денеска два часа го блокираа патниот правец Прилеп-Градско, на излезот од градот. Велат не се откажуваат од своите барања да се реши состојбата со компанијата и не го прифаќаат владиниот предлог бидејќи, како што посочуваат, тоа е еднократно и нема целосно решение.
Вработени од Музејот на тетовскиот крај денеска ги пребојадисаа со бела боја графитите и паролите со недолична и провокативна содржина што пред месец и половина беа испишани на споменикот на револуцијата во центарот на Тетово.
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа за МИА дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на 170 километри западно од Скопје, во соседна Албанија.
Нема никаков застој во откупот на лубениците. Дневно се преземаат по 500 тони, а наши екипи се постојано на терен и ја следат состојбата, изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
„Македонски перспективи: Како до Европа?“ е темата на конференцијата што денеска во Скопје ќе се одржи во организација на Цивил - Центарот за слобода и Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).