Да се обезбедат доволен број згрижувачки семејства способни да се грижат за деца на кои им е потребна привремена грижа, за да нема ниту едно дете во голема институција.
Во штипскиот регион ретко кое семејство сади тутун, минимален број земјоделци се занимаваат со оваа култура. Но, во штипското село Шашварлија, кое се наоѓа на падините на планината Плачковица во подрачјето викано „Јуракана“ се уште може да се видат површини засадени под тутун.
Се истражува археолошкиот локалитет Градиште-Антигонеа кај Неготино. Продолжуваат ископувањата од меѓународниот проект почнат во 2009 година. Активностите се реализираат од страна на НУ Археолошки Музеј на Македонија, во соработка со Општинската установа Музеј на град Неготино и Универзитетот Гдањск од Полска.
Несовесни учесници во сообраќајот возат преку новиот кружен тек во Кавадарци и ја газат тревата. Јован Ристов, вработен во Јавното претпријатие “Комуналец”, рече дека ќе ја средат состојбата на терен, но дека ја осудуваат ваквата постапка на поединци.
Популаризација на културите на православните народи од Европа и збратимување на словенските народи, е целта на мисијата што пред себе ја имаат поставено членовите на мото-клубот „Ноќни волци“ од Русија кои и оваа година ја посетија Македонија во рамки на својата мотоциклистичка тура низ Европа.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата РСБСП денеска упати совети до возачите како да ја задржат концентрацијата и да останат безбедни и тогаш кога се сами повеќе часови зад волан.
Нивоата на Дојранското и Охридското Езеро се уште се над дозволениот максиум, но за разлика од вчера нивото на Дојранското Езеро е намалено за два саниметра, а на Охридското Езеро е зголемено за еден сантиметар.
Македонски иноватори од победничките тимови од првиот хакатон „Биталион“ во тек на студиски престој во Израел презентираа проекти за еврејското наследство.
По истекот на дополнителниот трет рок за комплетирање на потребната документација за легализација на дивоградби, во Секторот за урбанизам на општина Гевгелија се евидентирани вкупно 5.167 барања за легализација на бесправните градби .
Преку системот за донирање вишок храна „Сите сити“ се донирани пет тона вишок храна или 16.000 оброци до социјално загрозени граѓани.