Десетте реновирани железнички станици во Македонија, по линија на Паневропскиот коридор 10 и кракот 10-д, ќе бидат промовирани денеска во Велес, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“ за промоција на инвестициите на ЕУ во Македонија.
Во измените и дополнувањата на Законот за ловство во делот на глоби покрај за ловџиите предвидени се казни и за концесионерите и за правните лица кои се занимаваат со оваа дејност. За нив глобата изнесува до 5.000 евра во денарска противвредност.
Во врска со решавањето на проблемот со линданот во АД Охис - Скопје, Владата на денешната седница формираше работна група која во рок од три месеци треба да ја информира за можните решенија на овој проблем.
Агенцијата за млади и спорт најостро го осуди однесувањето на навивачките групи и поединци, за време на натпреварот меѓу Шкендија и Пелистер.
Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, за време на посетата на Србија, денеска оствари средба со српскиот министер за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска учествуваше на панел дискусијата „Има ли шанси отвореното општество во Македонија’’, организирана во рамки на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на Фондацијата отворено општество Македонија.
Во измените и дополнувањата на Законот за ловство во делот на глоби предвидени се казни во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице, ако:
Од испуштените отпадни води од индустријата скоро целата количина или 92 проценти оди во јавна канализација, пет проценти во земјата и три проценти во акумулации, објави Државниот завод за статистика.
Општина Охрид не е во можност самостојно да ја финансира изработката на деталните урбанистички планови за секој од 19-те урбани комплекси во старото градско јадро во Охрид и урбанистичко-планската документација за крајбрежниот појас.
Женското претпримеништво го газат менталитетот, стереотипите што ги имаме, недостатокот од финансии, односно недоволни сопствени средства или имот на сопствено име.