Во Штип денеска беа одбележани 105 години од Брегалничата битка во месноста Каленица, каде што порано имало спомен костурница, а од пред неколку години спомен обележје.
Системите за наводнување со години биле запоставени и затоа има и намалување на земјоделското производство и намалување на квалитетот.
Во велешкиот регион, каде неодамна се случи трагедијата каде во пожар настрадаа три малолетни лица од семејство во социјален ризик, има 1.132 семејства корисници на социјална помош, од кои најзагрозени се осумдесетина. Дилемата во јавноста е како и дали можело да се помогне. Истрагата се уште не е завршена, а невладиниот сектор бара одговорност.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потпиша 14 договори за доделување концесии на риби за организирање рекреативен риболов на одделни риболовни води.
За излез од Македонија преку граничниот премин „Богородица“ времето на чекање изнесува речиси два часа, а двете страни на границата се споени со автомобили, изјавија за МИА граѓани кои се дел од долгите колони автомобили.
Користењето канабис за рекреативни цели треба да биде право на избор, сметаат дел од учесниците на панел дискусијата за декриминализација на канабисот, што се одржа денеска во Скопје.
Ова е само дел од написот „Македонска пивска авантура“ на хрватскиот новинар Горан Газдек, објавен деновиве на порталот pivnica.net.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја следи состојбата со застојот во откупот на лубениците, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живеejа под Кале, а не камп за мигранти, објави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовскa на својот „Фејсбук“ профил.
Децата се технилошки писмени. Знаат што е интеренет и го користат најмногу за и игри и забава, но опасностите што се појавуваат токму во овие содржини како поп-ап банери или други фори на рекламни содржини се причина за нивна едукација.