Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Канада во Србија, денеска организира конференција на тема „Трилатерален дијалог за канадските стандарди за одржливо рударство“.
Во Арачиново денеска ќе биде одбележан почетокот на изградбата на новата општинска зграда. Изградбата на зградата е финансирана со 260.000 евра обезбедени од страна на Европската унија, како дел од Програмата за општински рурални инвестиции.
Преку 30 учесници од Македонија и од соседните држави денеска на полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово учествуваа на 6-та по ред меѓународната мото-крос трка „Томб рајдерс“ во организација на клубот за екстремни спортови „Скај рајдерс“ од Прилеп.
По увидот во изградбата на автопатот Кичево - Охрид, Сугаревски најави интензивирање на активностите со напомена дека за отстранувањето на грешките ќе бидат потребни и време и пари. Клучно ќе биде, како што рече, работите да завршат до утврдениот во 2021 година.
Македонски железници Транспорт АД Скопје организираше патувачка тура за 1.300 деца од 12 училишта и три градинки во Скопје, како дел од проектот „Иднината ни е во воз“, што го спроведе од 9 мај до крајот на учебната година.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе изврши увид во изградбата на автопатот Кичево -Охрид.
Во организација на здружението „Арт ин орг“ од Кавадарци денеска и утре во Велес се одржува Меѓународниот натпревар на класична музика „Арт ин Велес 2018“.
Преку перформанс - поворка, „Дај мито“ на хумористичен и сатиричен начин побара основање агенција за рамноправна редистрибуција на мито. Воедно укажа на корупцијата во институциите, но и на граѓаните кои се подготвени да дадат мито.
По посетата на станицата Ѓуриште во Свети Николе, Николовски, одговорајѓи на новинарски прашања рече дека МЗШВ внимателно ја следи состојбата.
Инсталирани се нови автоматски современи радарски контролни и мониторинг единици за управување на мерната станица во Ѓуриште. Системот е поправен и надграден, на што работеше тим од Русија.