Јавна дискусија на тема:„Процесот на помирување во Западен Балкан и Турција: состојба во Република Македонија“ ќе се одржи денеска во рамки на регионалниот ИПА проект „Поделено минато – заедничка иднина“.
Надминување на досегашните недоразбирања и воспоставување нормална комуникација за подобра соработка помеѓу локалната власт и полицијата беше повод за работна средба на началиникот на СВР Тетово, командирот на полициската станица Гостивар и гостиварскиот градоначалник.
Тој во изградбата на браната на реката Отиња гледа неколку поволности за штипјани, но и можност за економски раст, со добивање на локации за изградба на куќи, викендици и објекти околу браната на река Отиња.
Променливото време неповолно се одразува врз лозовите насади во Тиквешко, истакна советникот во кавадаречката подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Драганчо Николов.
Општина Велес ќе го добие во сопственост Офицерскиот дом во градот согласно одлука на Владата од 22 мај, а на барање на општината, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот на општината Аце Коцевски.
Како што беше речено денеска на презентацијата на фиторемедијацијата во ОКТА, освен што е сигурен и ефикасен, овој метод на чистење е и многу евтин.
- За досегашниот однос и разни недоразбирања, можеби вината е обострана. Но, ние треба да гледаме напред и да ги надминеме овие проблеми.
Руралните општини во Тетово повторно се соочуваат со недостиг на средства за пренесување на отпадот во Дрисла - Скопје или регионалната депонија Русино.
АД ЕЛЕМ се свесни за состојбата со Охридското Езеро и се преземаат сите мерки за да се намали нивото на водата.
- Целта ни е да ги информираме надлежните и алармираме јавноста за проблемите со кои во континуитет се соочуваме поради високиот водостој на Охридското Езеро.