Милаим Абази е нов Командир на Полициската станица за гранична контрола и превенција „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар.
Во повеќе села во Кичевско, кај дел од пчеларите пролетва се случува феноменот празна кошница, а кај поединечни пчелари поради вирус има угинување на повеќе од половината пчелни семејства.
Македонија интензивно работи на добивање дозвола за извоз на свежо свинско месо во ЕУ.
Дваесет и една екипа од Македонија, Бугарија, Србија и Грција ќе учествуваат на Првото Интернационално Крапско дружење што денеска почнува на акумулацијата Палурци кај Богданци.
По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа денеска во Скопје ќе се одржи настан насловен „Безбедна и здрава генерација“.
Омбудсманот меѓу специјалните надлежности и капацитетите: Надворешна граѓанска контрола врз работата на полицијат е тема на дебата, која денеска ќе се одржи во организација на НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.
Во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска ќе се одржи Конференција на тема „Активности за унапредување на безбедност и здравје при работа“.
Постојано сме отворени за земјоделците, остваруваме средби со сите здруженија, ги детектираме проблемите напластени изминатите 11 години и пристапуваме кон нивно системско решавање, рече попладнево ресорниот министер Љупчо Николовски на собраниска седница.
Лозарите ќе имаат приоритет во подмирувањето на долгот од стечајната маса на винарската визба „Стефани“, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
Премиерот Зоран Заев попладнево соопшти дека субвенциите за тутунот се обезбедени, а производителите ќе ги добијат по целосно завршување на административните проверки, но не подоцна од десет дена.