Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски денеска беше во работна посета на Југоисточниот регион и оствари средбата со градоначалниците на општините Гевгелија и Дојран, Сашо Поцков и Анго Ангов.
Градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, на денешната седница на Советот на општина Битола соопшти дека донела одлука со која членот на Советот на општина Битола Емилија Костурски, согласно Законот за локална самоуправа ја назначила Костурски за своја заменичка.
- Ова е прекрасен експонат за возило од најмали нозе. Голема благодарност до Филип Радивчев од Битола за овој убав подарок.
упер бабичка живее во Демир Капија. Баба Велика Николова е неуморна и иако е во деветата деценија од животот, овие пролетни денови можете да видите како врзува лозови прачки во лозјето.
Пехчево подготвено за првата велосипедска OFF-ROAD тура „Пехчево на точак“ која е во организација на Општината и хотел „Гогов“. Патеката е долга 30 км, а вело-туратаќе се одржи на 19 мај.
Business Friendly Certification South East Europe (BFC SEE) претставува единствена програма за подобрување на квалитетот на услугите и информациите кои општините од регионот на Југоисточна Европа им го нудат на компаниите.
Битола наскоро ќе ја посетат високи француски делегации, а очекуваме и влез на француски претпријатија во овој град, најави амбасадорот Тимоние, по средбата со градоначалничката Петровска во нејзиниот кабинет.
Околу 73 илјади евра е вкупно проценетата штета што минатата година ја направиле лицата кои бесправно ја сечеле шумата во кочанскиот регион.
Поволните временски услови минатава есен и пролетта која изобилуваше со дождови, ветуваат високи приноси пченица. Производителите очекуваат надпросечен род во однос на претходните години, особено од површините кај кои се употребени агротехнички мерки.
Во Долнени денеска ќе биде потпишан договор со компанијата „Волостоне“ за концесија за детални геолошки истражувања за мермер на локалитетот Самарница.