Со пригоден собир, пред споменикот на градителите во Маврови Анови, денес беа одбележани 62 години од трагедијата, кога во снежни лавини загинаа 52-ца градители на мавровскиот хидроенергетски систем, граничари и локални жители.
Руската Амбасада во Република Македонија, традиционално и годинава, централниот настан по повод одбележувањето на Денот на руската дипломатија, го организира во Битола, пред споменикот „Руски крст“.
Министерството за локална самоуправа го објави вториот јавен повик за проекти за погранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, за што на сите потенцијални апликанти, во рамки на повикот, им стојат на располагање седум милиони евра.
Прилеп ги прави последните подготовки за 17-от по ред меѓународен карневал „Прочка 2018“, што ќе се одржи од 16 до 18 февруари.
Овој проект се реализира во време кога им е најпотребен на членовите на општинските совети, на почетокот на мандатот. Значаен е затоа што за прв пат е посветено сериозно внимание на Советот на општината, орган, кој што има исклучителна улога како контролен механизам.
Шест македонски општини денеска ќе потпишат Меморандум за разбирање во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети - фаза на имплементација“ поддржан од УНДП и Амбасадата на Швајцарија.
Работилницата е во организација на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија и Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG.
Оваа средба беше дел од проектот “Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системите на стручно образование и обука и на образованието на возрасните”, спроведен од Британскиот Совет, а финансиран од Унијата.
Тројца затвореници од штипскиот затвор од денеска започнаа штрајк со глад. В.д. директорот на Затворот Штип, Мики Тодоров вели дека информацијата која одредени медиуми ја објавија дека во затворот штрајкуваат триесетина осуденици е шпекулација.
Во текот на изминатата недела (од 29 јануари до 4 февруари), во Република Македонија се регистрирани 2.001 заболен од грип, што е зголемување за 84 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 1.085 заболени лица, се наведува во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.