Општина Аеродром со соопштение порача дека доколку се докаже дека има вина кај воспитувачката осомничена дека во понеделникот неколкупати удрила 6-годишно дете по образ, против неа ќе се спроведат санкции.
Oд денеска во подрачните единици на Министерството за земјоделство почна издавањето евидентни листови за новото тутунопроизводство.
Прилепското ловечко друштво „Мукос“ во денешната хајка на штетен дивеч во реонот на селото Дупјачани, застрела шест лисици и еден волк.
Судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го гони за убиство на четиригодишниот Алмир, повторно е одложено, откако адвокатот на семејството Алиу побара изземање на обвинителката.
Управување моторно возило под одвлечено внимание, е ризик-фактор што ја загрозува безбедноста во патниот сообраќај, предупредува Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП).
Со епизодата во која соговорник на атлетите на Специјалната олимпијада беше најдобриот македонски кошаркар Перо Антиќ заврши ТВ проектот „Горди на себе“ што се емитуваше во рамки на утринската програма на МТВ „Македонија наутро“.
Како што соопшти МВР вчера во 14 часот М.К.(34) во СВР Велес пријавил дека на улицата „Коле Цветков“ дошло до рушење на карпа и земја од задниот дел од куќата, сопственост на неговиот татко Д.К.(60).
Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа Кичево и Црвениот крст на Република Македонија денеска во заедничка акција се на терен и во обиколка на поплавените населени места во Кичево.
Во црквата „Св. Спас“ во Скопје денеска беше одржана панихида по повод 146 години од раѓањето на Гоце Делчев.
Во Македонија денеска се одбележуваат 146 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.