Традицијата на гевгеличани за варење слатко од зрели смокви на пирустија или на ќумбе и годинава ќе биде белег на единаесеттата „Смоквијада“ која ќе се одржи утре во организација на граѓанското здружение „Тера“.
Во соопштението се истакнува дека во Србија која има 3.500 мигранти, додека во Македонија има околу 40 мигранти, распоредени во општините Скопје, Куманово и Гевгелија.
Паралелно со активностите што се спроведуваат за порибувањето од македонска страна, порибувања се вршат и на албанската страна на езерото.
Како што рече претседателот на Сојузот на здруженијата на пчелари од Македонија Менде Трајковски, досегашните просечни 20 килограми мед по пчелно семејство, се сведени на два до пет.
Дојранското Езеро и денеска бележи драстично зголемување на нивото, од -83 сантиметри колку што е просекот за септември, на 179, соопшти УХМР.
Во организација на Здружението на дипломирани студенти од Република Турција денеска во Скопје ќе се одржи панел дискусија на тема „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“
Станкоски најави дека денеска во посета на комбинатот е висока делегација од големиот светски производител „Филип Морис“ и стратегиски партнер на комбинатот. Разговорите и преговорите се во два сегмента: откупот на тутун и производството на цигари.
АД „Електрани на Македонија“ во правец на обезбедување поголема транспарентност во работењето на својата официјална веб-страница почна да ги објавува податоците за нивото на Охридско Езеро, информираат од компанијата.
Дваесет и шестото издание на најголемата стопанско-културна манифестација во Кочани, „Денови на кочанскиот ориз“ започнаа синоќа со изложба на ликовни дела на членовите на Школата за цртање и сликање која работи при Центарот за култура „Бели мугри“.
Од недела почнува официјалната ловна сезона за лов на дива свиња, срна како и за младенчиња - едногодишни и двегодишни од срна, муфлон женски и младенчиња-едногодишни и двегодишни од муфлон и дивокоза заедно со младенчиња - едногодишни и двегодишни од дивокоза.