Во текот на изминатата недела (од 5 февруари до 11 февруари) во Република Македонија се регистрирани 2.964 заболени од грип, што е зголемување за 48 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.001 заболен.
На патот Гостивар-Маврово-Дебар од 6:30 часот изутрина е воведена забрана за тешки товарни возила, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Претседателот Ѓорге Иванов по повод одбележувањето на православниот празник „Свети Трифун“ денеска присуствуваше на традиционалното закројување на винова лоза во Кавадарци.
Механизираните екипи кои од изутрината работеа на расчистување, успеаа да отстранат дел од наносот од лавината на коловозот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.
Како што соопшти АМСМ, кај м.в.Грамаѓе на излез од Крива Паланка, околу 30 вработени во „Веибо Груп“, поради неисплатени плати го блокирале сообраќајот во двата правци.
Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, по вчерашниот протест, тие биле повикани на средба со визепремиерот Анѓушев денеска во 15 часот во Скопје.
Премиерот Зоран Заев денеска е во посета на Тиквешијата која го празнува верскиот празник свети Трифун - заштитникот на лозарите и винарите.
Со новата лавината што утрово во шест часот повторно го блокира сообраќајот на патот Маврово - Дебар паднат е материјал од над три илјади кубни метри.
Винарската визба „Тиквеш“ организира закројување на лозјата на локацијата „Лепово“ каде покрај менаџерскиот тим на винаријата се очекува да присуствуваат и владини преставници.
Револтирани граѓани од состојбата на патиштата низ Македонија на Фејсбук објавија видео за драмата која се случува кај Буково каде се завеани 30 автомобили.