- Патот Крива Паланка – Куманово кај населба Грамаѓе е блокиран во двата правца од околу 50 работници во фабриката „Веибо“ поради неисплатени плата, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Љубителите на белите спортови и планинарењето, а пред сé странските државјани, доколку планираат искачување на планинските врвови или скијање, да се пријават во најблиските полициски станици или одделенија, апелираат од СРВ Тетово.
Изјаснувањето на граѓаните на референдум да биде услов за доделување на концесија за есплоатација на минерални суровини по барање од заинтересирано лице, бараат повеќе еколошки организации и граѓански иницијативи кои работат на полето на заштита на животната средина во Македонија.
Генералниот директор на наменската фабрика „Еурокомпозит“ Александар Кузески ги демантира наводите во кривичната пријава на синдикатот на „Еурокомпозит“ и смета дека се тенденциозен обид да му се наштети приватно и како јавен функционер.
Медицинските експерти препорачуваат водата од овие мерни места, задолжително да се преврива најмалку 10 минути пред употреба.
Работниците на Еурокомпозит кои една недела се во штрајк, денеска ги остварија своите закани и ги радикализираа работничките протести со едночасовна блокада на магистралниот пат Прилеп- Битола, кај клучката пред Лукоил.
Испитувањата, кои во текот на изминатите 12 месеци континуирано ги спроведувал кочанскиот Центар за јавно здравје, покажаа дека во водата е забележано присуство на бактерии,а наместа и зголемена електролитска спроводливост и поголема содржина на нитрати.
Зголемени се водостоите на Вардар, Треска, Пчиња и Сатеска во однос на февруарскиот просек, покажуваат најновите хидролошки мерења.
Поради појава на магла видливоста на патот село Шипковица-Попова Шапка е намалена од 30 до 40 метри, информира Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
На планинскиот премин Стража од 17:10 минути попладне е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.