Земјоделците речиси воопшто не биле задоволни од услугите и транспаретноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот од 2013 до 2016 година, покажуваат резултатите од спроведено истражување на „Рурална коалиција“.
Лицата С.С. (54) од Охрид, А.С. (62) од Пештани и Ѓ.К. (64) од Љубаништа, на 9 јануари годинава биле пријавени дека вршат незаконит рибилов во езерото, на потегот кај месноста Лагадин.
Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 2.417 случаи, постои значително намалување на бројот на заболени во третата недела од годинава, кое изнесува 73,6 отсто.
Практиканската работа во моментот е регулирана само преку законите за средно и за високо образование и има потреба од донесување на закон за практиканство со кој би се регулирале условите под кои треба да се развива овој сегмент.
Голема крводарителска акција посветена на Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден ќе биде организирана денеска во холот на Дом на АРМ во Скопје во периодот од 09:00-17:00 часот.
Согласно Законот за ловството донесен во 2009 – тата година на 01 февруари започнува ловостојот за одреден вид на заштитен дивеч.
Со достоинство, почит и пригодна програма на 25 јануари Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески, македонската и балканска музичка ѕвезда која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.
Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство констатира дека грипот сѐ уште е со ниска активност. Во моментов се регистрирани 1.739 случаи на заболени од грип и се очекува зголемување на активноста во следниот период.
Овие предлози, според НФФ, треба да влезат во Националната програма за земјоделството и руралниот развој 2018-2022. Веќе му се презентирани на ресорното Министерство и се доставени во писмена форма.
Општина Центар до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе три кривични пријави за сторено кривично дело, бесправно градење.