Група на граѓани вечерва се собра пред домот на пратеникот на СДСМ од скопско Сопиште Далибор Богдановски кој се најде на листата на пратеници од Македонска националност кои учествуваа во силеџиското изгласување на законот за двојазичност на срамниот 14. март во Собранието.
Oгромни бранови предизвикани од силен ветер ги уништија летните бавчи покрај охридското крајбрежје. Ветерот со брзина од околу 90 километри на час носел се пред себе и предизвикал многу штети во градот.
Ветер со брзина од 100 километри на час предизвика хаос на охридското крајбрежје. На популарното шетелиште во нашиот туристички бисер Охрид огромните бранови предизвикани од ветерот поплавија неколку кафулиња.
Група прилепчани кои се организирале преку социјалните мрежи денеска напладне блокираа дел од булеварот „Гоце Делчев“ и протестираа против донесувањето на Законот за употреба на јазиците.
Пред домот на пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска вечерва се собра група граѓани која протестира, нарекувајќи ја предавник, објави Нетпрес.
Вчера побараа итно да се спроведе попис, а денеска оставка на Владата, нови избори и повлекување на законот за јазици. Прашуваат дали пратениците од СДСМ чувствувале срам поради донесувањето на ваков закон.
Во тек се конкурсите за доделување стипендии за кандидатите кои во академската 2018/2019 година ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области.
Во црниот дроб на дивечот се пронајдени и до десетпати поголеми концентрации на тешки метали од дозволените, поради тоа не се препорачува негова консумација.
Концесионерите кои стопанисуваат со плажите на Охридското Езеро денеска имаа можност на јавната дебата организирана од Општина Охрид пред локалната власт да изнесат свои забелешки по однос прашањето околу воспоставувањето договори за закуп.
Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата завршува денеска, 15-ти март 2018 година, потсетуваат од Авто мото сојузот на Македонија.