Протестот започна на градскиот плоштад за потоа присутните да се упатат пред општинската зграда каде фрлија кеси и полн контејнер со смет.
Според МВР откритието на спелеолозите било пријавено на 18 август, во поладневните часови.
Велосипедскиот планински туризам е нов адут за развој на туризмот во Малешевијата, а за љубителите на овој рекреативен спорт се изградени патеки во должина од 25 километри.
Валандово е четвртиот град каде што се одржува референдум. Жителите на Гевгелија, Богданци и Дојран веќе се изјаснија против отворање рудници.
Германскиот пливач Александар Стуџински е победник на 31. Охридски пливачки маратон што денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.
Дивата депонија во Тетово која се наоѓа на влезот на градот гори, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.
Охридскиот маратон е трет и претпоследен во годинешната програма на „Гран-при“ серијата на ФИНА. Светскиот маратонски куп на отворени води завршува со трката Неапол – Капри закажан за 3 септември.
Поради сушата и големото намалување на водата во езерото Калиманци, во опасност од уништување е подмладокот на рибите во езерото.
Материјалната штета се проценува на 58 милиони денари, а обесштетувањето треба да го изврши македонската Влада.
Во водите на Охридското Езеро утре ќе се плива 31. Охридски пливачки маратон, што е редовна трка од „Гран при“ серијата маратонски трки на отворени води на Светската пливачка федерација (ФИНА).