Како што рече, тоа е негова лична заложба и посебен фокус со цел тој во улога на медијатор да се обиде да посредува во решавање на нивните проблеми.
Изминативе 100 дена бевме посветени на секој граѓанин и секоја општина, инвестирани се над 1 милијарда денари во речиси 200 различни инфраструктурни проекти во сите осум плански региони низ земјава.
Според него, сто дена е мал период за Владата да покаже дека е насочена кон решавање на проблемите на земјоделците.
Под влијание на циклонска активност во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински на прес-конференција денеска рече дека очекувањата од повикот се исполниле зашто општините пројавиле огромен интерес
Во Скопје утрото посвежо, а преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 25 степени.
Највисоката максимална температура е измерена на 3 септември во Гевгелија и изнесувала 37,4 степени.
Буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување низа години бележи дефицит кој се покрива од централниот буџет.
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски изјави дека академската година почнува за околу 1.500 бруцоши, од кои 350 се странски државјани.
На првиот академски час на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Јанкуловски најави законски измени со кои на редовните студенти ќе им се овозможи да имаат право на работа без да го изгуват статусот на вонреден студент.