– ГРЕКО за прв пат откако Македонија е членка на таа организација дава незадоволителна оценка и никому ништо. Ние веќе навикнавме на лоша ситуација во економија, немање реформи во образование, во социјалата здравството, вели Мицкоски.
Нивните укажувања биле дека ако се зафатат да го реформираат судството тогаш треба да се прават суштински реформи, а она што тие сега го прават е далеку од тоа.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија вели дека ако Заев за работа која што требало да ја заврши по закон како градоначалник барал мито од 200.000 евра, можеме да замислиме какви куферчиња и амфори се во игра сега за договорот за името со Грција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ вели дека иако од една страна се фалиме дека сме го заштитиле идентитетот и јазикот тоа експресно е демантирано од грчкото МНР кое ја отфрла придавката македонски, додека владата на Зоран Заев не регира во ниту еден момент.
Претседателот Иванов постапи правилно и државнички, патриотски. Она што некој друг не успеа да го заштити, претседателот Иванов успеа да го заштити, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во „Топ Тема“ на Телма Телевизија.
Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма истакна дека Зоран Заев работи против националните и државните интереси.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва изјави дека партијата ќе чека да види дали ќе има референдум, кое ќе биде референдуското прашање и кои ќе бидат чекорите на власта, а потоа ќе реши дали ќе учествува на референдумот.
Пред органите на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложам да изработиме закон за амнестија на осудените лица од настаните од 27 април во Собранието на РМ, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ Телма.
Претседателот на државата ја блокираше највисоката институција со непотпишувањето на законот за ратификација на Договорот со Грција. Со тоа тој го крши Уставот и прави кривично дело за кое треба да одговара, изјави вечерва лидерот на Демократската партија за интеграција Али Ахмети на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија.
Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил пишува дека Македонија заслужува европска иднина со многу работа, труд и реформи. Но се додека на оваа власт од поимите евроинтеграции и Европа им звони во главите само зборот ЕВРО, тешко од реформи.