Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев вечерва учествуваше на првата од серијата граѓански трибини што се одржа во Центарот за култура Иљо Антевски Смок во Тетово на тема „Заедно едно општество за сите“.
Во рамките на подолг период, земјите од Западниот Балкан се соочиле со бројни предизвици како што се уставните промени и соочувањето со внатрешните систематски проблеми со институциите.
Во емисијата на Македонската телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во дуел со потпретседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска обвини дека назначувањето на Командант Хоџа за советник во Владата на Република Македонија е еден од поголемите скандали кои што го има оваа Влада.
„И сега цело Скопје знае дека во еден хотел во центарот неможат ред да фатат во теретана од владини административци во тек на работно време„ - истакна Николоски.
Се случи куршлус и со амбасадарот во Анкара. Требаше да реагира турската држава за тој да биде вклучен во делегацијата. Сличен проблем имаше и со амбасадарот во Стокхолм, истакна Николоски.
Во вечерашната емисија на Македонската телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во дуел со потпретседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска во однос на прашањето за името истакна дека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е многу пати повторена во јавноста и дека таа има континуитет од 2005 година па се до денес.
Реалноста е брутален политички прогон против претставници од ВМРО-ДПМНЕ, па така имате градоначалници кои што добиваат кривични пријави заради тоа што не потпишале патен налог за да користат возило, истакна Николоски.
Трет ден ВМРО-ДПМНЕ продолжува со рециклирано ширење на стари лажни вести во јавноста, обидувајќи се да пласира потрошени и лажни случаи, притоа губејќи секаков реален колосек на политичката сцена.
Ангажманот на политичкиот истомисленик на Зоран Заев, Џезаир Шаќири Хоџа на висока функција во Владата е срам и понижување и за државата и за граѓаните, а особено за припадниците на безбедносните сили. Неговиот договор мора да биде раскинат!
Бизнисот на деценијата кој што го направиле Заеви во Струмица за изградба во струмичката касарна, алудира на злоупотреби и матни зделки.