Оваа влада најавува инфраструктурен бум, а немаат ниту еден свој проект, најавуваат нови проекти, а се китат со проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ, најавуваат силна економија и силно градежништво, а моментално на ова поле тонеме како најслаба земја во Европа.
Владата на СДСМ која минува низ единаесет месеци од управувањето со државата не започна ниту еден нов проект, било тоа да е почетна фаза на проектирање, ниту пак почеток на градба на некој од наследените од минатата влада.
Монструозни се манипулациите на Заев со семејствата на брутално масакрираните момчиња кај Смилковското езеро. Заев е најодговорен што во моментов нема ниту еден виновник за грозоморната ликвидација зад решетки.
ВМРО-ДПМНЕ како власт 11 години се изживуваше со граѓаните и нивните судбини, судството го држеше во заложништо и ја попречуваше правдата, а денеска како опозиција продолжува со ниското ниво и злоупотребата на човечки трагедии.
ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека најголемиот буџет во историјата на Македонија што го предвиде владата на Заев е расипнички, неразвоен и скроен само за да ги задоволи политичките апетити на најнеспособниот економски кабинет.
За да го одбрани својот коалициски партнер од кого му зависи опстојувањето на власт, денеска тврдеше дека Невзат Бејта со еден од обвинетите во случајот „Монструм“ разговарал околу ургенции за земјоделски субвенции.
Зошто раководството на АД ЕЛЕМ наместо да спроведе транспарентна и редовна постапка се одлучи за склучување на милионски договор во четири очи?
СДСМ ги лажеше младите. Младите денес живеат полошо од пред една година. Власта не го слуша нивниот глас, ниту пак ги решава нивните проблеми.
Зоран Заев на семејствата на брутално егзекутираните момчиња на велики четврток им ја вети вистината, а сега ги крие имформациите со кого од неговата коалиција контактирале убијците.
Скандалите во АД ЕЛЕМ не запираат, уште еден ден, уште еден милионски договор склучен во четири очи. Раководството на АД ЕЛЕМ поништи транспарентен јавен повик за да склучи милионски договор во 4 очи.