Дали под откривањето на мега скандалот, кој отвара сомнеж за местење на 320 милионски тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола за фирмата Пелистер ДОО Битола, која важи за блиска до врвот на СДСМ, во средата на 11 април експресно е направена промена во тендерската документација.
Образованието, особено високото образование не е приоритет на СДСМ. Зоран Заев и СДСМ тоа го покажа со отфрлањето на конструктивните амандмани на ВМРО ДПМНЕ на вчерашната комисија за образование.
Показател за тоа е податокот дека и даноците собрани во првиот квартал годинава се за 7% помали од планираните и 2,69 % помалку од истиот период лани. Капиталните расходи во првите два месеца се околу 16 милиони евра, за разлика од истиот период лани кога изнесувале 46 милиони евра.
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ доби член во Извршниот одбор на Демократската Младинска Заедница на Европа.
Активистите на ДУИ денеска директно упаднаа во гостиварската гимназија и на класичен бандитски начин физички нападнаа професори на нивното работно место.
– Сѐ додека Владата се однесува надмено и не ги признае резултатите од минатото, ќе бидеме убедливо заковани на дното. Веќе не се мериме со Европа туку со регионот, а и тука сме последни, истакнал Мицкоски кој додал дека нема нема никаква дилема дека што пократко трае оваа влада– тоа подобро за граѓаните.
Судскиот процес за убиството на тројцата полицајци трае 18 години. На овие жители на Арачиново им се судеше затоа што, според обвинението, ги застрелале полицајците Петрушевски, Ангеловски и Готак.
Политичките активности во земјата и регионот, текот на реформите во Собранието и Владата, преговорите за името и членството во НАТО и ЕУ, биле теми на денешната средба меѓу претседателот на ДУИ, Али Ахмети и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изнесените ставови на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ партијата чиешто владеење беше одбележано со криминал, скандали, расипништво и коруптивно однесување нема никаква стратегија освен ширење на лажни вести и очајни обиди за манипулирање со јавноста.