Добро е тоа што Шилегов сака да си игра градинар и да сади качунки и кокичиња, исто како што нема ништо лошо и во неговата желба да биде диџеј и да организира журки за поместување на една автобуска станица.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил и ќе остане на страна на народот и на страна на Република Македонија, за разлика од Зоран Заев.
Откако го потврди присуството Мицкоски треба да одговори која била неговата улога на денот кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени, кога беше загрозен уставниот поредок на Република Македонија?
СДСМ директно удира по џебот на граѓаните. Најавата за воведување на прогресивен данок со покачување на данокот на доход од 10% на 18% е уште една од погубните политики на власта која ќе допринесе за дополнително осиромашување на граѓаните.
Прекинува кампањата „Вистината за ДУИ" што гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари и неговите соработници ја отпочнаа со цел да ги обзнануваат неправилностите и злоупотребите на претходната локална власт, соопшти портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири.
Со 11 годишното криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во инфраструктурата, а секој нивен таканаречен инфраструктурен проект беше симбол на криминал, неспособност и корупција.
Добро е што владата на СДСМ почна да ги набројува проектите во инфраструктурата што ги започна ВМРО-ДПМНЕ и ги прикажува како свои.
Обезбедени се 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци низ државата со вкупна должина од околу 800 километри.
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведувањето мерки што овозможуваат унапредување на социјалната и здравствената заштита, со посебен акцент на ранливите категории граѓани.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар.