Во првите два месеца од 2018 - тата година владата успеа да ја задолжи Република Македонија за дополнителни 545 милиони евра. Или во просек успеа да го задолжи секое семејство во Република Македонија за дополнителни 1.000 евра.
Заради остварување на криминални интереси на поединци, ВМРО-ДПМНЕ 11 години го погазуваше статусот на лекарите, ги кршеше правата на пациентите и целосно го урниса здравствениот систем.
Трошоците за живот во февруари оваа година се зголемија за 1.9% во однос на февруари минатата година. Катастрофалните политики на СДСМ на економски план почнуваат да влијаат на животот на граѓаните.
СДСМ ветуваше 15% покачување на платите на здравствените работници во првите 6 месеци од мандатот. СДСМ излажа. Програмата на СДСМ и говорите на Зоран Заев пред изборите се само еден памфлет на лаги.
Без политички договор и со засега официјално еднонеделно пролонгирање на решението за проблемот со над 35.000 амандмани за Законот за употреба на јазиците заврши вчерашниот целодневен обид за избегнување на блокада на Парламентот.
Значи, повеќе нема дилема. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ настапуваат како една партија „Погреб за Македонија„ со ко-претседателите Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, со крајна цел промена на името-Република Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од Потпретседателот Александар Николовски и Тимчо Муцунски, оствари средба со Јан Хекер, Советник за надворешна политика на Канцеларот на СР Германија, Ангела Меркел.
СДСМ ја укина правната држава, а наместо правда граѓаните добија партиски суд кој работи под диктат на Зоран Заев и СДСМ. Еклатантен пример за партизацијата на правосудството е изборот на новите членови во Советот на обвинители.
ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто преку криминалното и расипничко владеење стана најбогата партија во Европа, додека мнозинството граѓани тонеа во долгови и сиромаштија, нема ниту минимален кредибилитет да зборува и да глуми загриженост за социјалната заштита.
СДСМ денес ја задолжи државата за над 56 милиони евра. Ова е второ задолжување во рок помал од 10 дена, откако власта се задолжи за над 33 милиони евра минатиот вторник.