Советот на Општина Гази Баба во кое мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ го изгласа буџетот на Општина Гази Баба и граѓаните со право очекуваат конкретна работа и реализација на ветувањата дадени за изборите а не празни зборови по медиуми.
Раководните органи во администрацијата под водство на СДСМ им даваат на вработените во државната и јавната администрација предлог спогодби и изјави со кои вработените треба да потпишат дека доброволно се откажуваат од правото на додаток на плата за степен на кариера.
Успешни и вредни 15 административци се преместени во друга зграда во несоодветни простории. Незаконски се разрешени директори во училиштата. Вработува негови „партиски војници“ во јавните претпријатија и администрацијата.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба работи спротивно на интересите на граѓаните со блокада на работата на Советот.
Пратеници, режисери, доктори и истакнати граѓани се соочуваат со апсурдни обвиненија за тероризам. Ова е класичен монтиран прогон без почитување на елементарните човекови права.
На состанокот соговорниците се осврнаа на пријателството помеѓу Република Македонија и САД и начините преку кој што може да се влијае за понатамошно подобрување на билатералните односи помеѓу двете земји.
Мицкоски истакна дека 8 месеци како партија немале никаква информација што точно се случува со процесот на преговарање околу разликите за името помеѓу Република Македонија и Република Грција.
На средбата со конгресменот Томас Суози од Демократската партија, беа разменети мислења за односите меѓу двете земји и можноста за натамошно унапредување на соработката, како и за перспективите на Република Македонија во меѓународни рамки, со акцент на членството во НАТО и ЕУ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Гласот на Америка истакна дека за време на работната посета на партиската делегација во Америка три тези преовладувале на состаноците.
Промената на името на аеродромот и автопатот не носи добрососедски односи, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски јазик, запрашан дали приеменувањето на аеродромот Александар Велики и автопатот ја приближува Македонија до ЕУ и НАТО.