Изнесувајќи куп лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција всушност даде осврт на сопственото владеење во Општина Карпош, заедно со коалициониот партнер, Стевчо Јакимовски.
Процесот на разговори околу проблемот што го има Република Грција со нашето име не е прашање кое го засега само Премиерот Зоран Заев или членовите на Владата на Република Македонија. Прашањето ја засега Република Македонија и целиот народ.
ВМРО-ДПМНЕ, партијата со која раководи Мицкоски, единаесет години ги осиромашуваше, лажеше и манипулираше со маката на земјоделците.
Неодговорната политика на СДСМ кон земјоделието ги остава оризопроизводителите во кочанско-виничкиот регион без обезбеден откуп на оризот, а со тоа и без основни средства за егзистенција.
Карпош и граѓаните на општина Карпош се сведоци на 100 дена лаги, неспособност и неработење на Стефан Богоев. Стефан Богоев овие 100 дена буквално ги преспа и не отпочна ниту еден капитален проект за граѓаните.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на САД оствари работна вечера со Претседателот на Републиканската Партија Боб Падучик.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вчера го посети партискиот општински комитет во Велес, од каде порача дека партијата е обединета и сплотена против ненародната власт на СДСМ и Зоран Заев.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Вашингтон оствари работна средба со Метхју Палмер, Заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, кој е дојден на местото на Хојт Ји во Стејт Департментот.
Македонија направи значаен напредок во својот европски пат, со што се потврдува успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ во спроведувањето на реформскиот процес.
Со месеци десетици македонски патриоти неосновано лежат во притвор. Десетици македонски патриоти се жртва на политички терор и нивните слободи и права се нарушени.