Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера (29.01.2018) заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот Извршниот комитет Владимир Ѓорчев остварија средба со Жозев Дол, претседател на Европската народна партија (ЕПП).
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, смета дека Собранието не може да го избегне разгледувањето на поднесените амандмани за Законот за употреба на јазиците, а ако тоа се случи, би било целосно погазување на Уставот и на уставниот поредок.
Патриотите кои се во притвор се политички обвинети. Нема никаква правна основа за ваквиот третман и затоа мора да бидат ослободени.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ја предводи делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на дводневната посета во Брисел, оствари средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.
На средбите со европратениците се разговараше за приоритетите на Република Македонија, а Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека стратешка определба на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО. Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за остварување на овие цели биле и ќе останат приоритет.
Зијадин Села од Алијансата на Албанците ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека со поднесувањето на над 35 илјади амандмани за Законот за јазиците се спротиставува на интересите на најмалку третина од граѓаните и повика на прекинување на вакви политики.
– Не велиме да нема решенија, напротив треба да има решение, но тоа треба да биде изградено на здрави темели, а не да се носи со прекршување на Деловникот најмалку десет пати досега, изјави Димовски.
Бараме повлекување на актите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Пред шест дена во Собранието поднесовме Одлука за повлекување на Одлуката за членство во НАТО што ја донесе Собранието на 23 декември 1993.
СДСМ и Петре Шилегов удрија по џебот на граѓаните. Доколку им помине намерата, до 2020 година односно за 2 години од сега водата во Скопје ќе поскапи цели 35%.
Премиерот Зоран Заев очекува дебатата за законот за јазиците да се води на координација меѓу партиите кај претседателот на Собранието Талат Џафери, а опозицијата да покаже разум за да не дојде да блокада на реформските процеси.