Од раководството на СДС во Прилеп и градоначалникот Јованоски се очекуваше да започнат со реализација на ветеното, а не да мислат само како најблиските до нив луѓе да си ги постават на раководни позиции по било која цена.
Правосудните органи ја развлекуваат процедурата поврзана со одлучувањето по жалбите, иако станува збор за итни предмети. Ваквото однесување е уште едно недозволиво кршење на правата на притворените.
За да се дојде до решение е неопходна политичка храброст, одговорност и лидерство, порачува Демократскиот сојуз на коалициониот партнер на СДСМ и Зоран Заев, Павле Трајанов.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со Горазд Бартол, шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Македонија
Не постојат две движења Беса, има само едно кое работи согласно одлуките донесени на состанокот на Централниот совет во Тетово на 6 јануари годинава, изјави Билал Касами на прес-конференција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски денес (09 јануари 2018-та година) оствари средба со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Чарлс Гарет.
Со промените по изборот на новата демократска Влада, спроведувањето на реформите и новите политики, започнати се процесите за Собранието да биде вистински храм на демократијата и да работи исклучиво во интерес на сите граѓани.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одлучи дека нема да учествува во работата на Собранието се додека не се создадат услови за нормално, демократско функционирање на оваа институција.
Уште еден пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија ќе делува како независен пратеник. Станува збор за Јусуф Хасани од Демократската партија на Турците на Македонија.
Пратеникот и привремен претседател на движењето Беса, Неџбедин Каремани, денеска информираше дека има сериозни закани по неговиот живот и безбедноста на неговото семејство.