Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да се вклучи во работата на Парламентот. Оваа одлука е донесена на денешниот координативен состанок со партискиот врв што заврши околу 11 часот, јавува МИА.
Апелациониот суд мора да се издигне над дневната политика и притисокот. Судот не смее да биде соучесник во конструиран случај. Случај во кој се кршат законите и правата на човекот.
Од движењето Беса преку соопштение потпишано од в.д претседателот Неџмедин Кахремани информираа дека денеска централното седиште на Беса во Скопје, било нападнато од вооружени лица, кои ја искршиле бравата и насилно влегле во нејзините простории.
По расколот во движењето Беса, денеска двете групи излегоа со информации во јавноста дека им било узурпирано седиштето на партијата во Скопје.
Уставобранители се наоѓаат во Шутка, додека владините претставници по соседството лицитираат со македонската историја и иднина.
По утринската литургија, претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека по традиција, години наназад тој овој ден го поминувал во Соборниот храм. Тој додава дека за него и неговото семејство ова е посебен ден и им го честиташе празникот на сите граѓаните на Македонија.
Претседателот на Демократската унија за интеграции (ДУИ) Али Ахмети упати честитка до православните верници по повод христијанскиот празник Божик.
Во врска со расколот во Движењето Беса, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача што побрзо обединување, бидејќи како што кажа, политички субјект како оваа партија и е потребна на политичката сцена во Македонија.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска не сакаша да ги коментира случувањата во Беса посочувајќи дека тоа е внатрешно прашање на партијата.
Биљал Касами, предводникот на Беса кој беше разрешен од страна на скопскиот огранок, пријавил во полиција дека не може да влезе во седиштето на оваа партија.