Според партиски извори, не се очекува класично напуштање на Владата, оти не би сакале за ваквиот чекор да бидат прогласени за дестабилизирачки фактор од страна на меѓународната заедница.
Македонија мора да оди напред. Корупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда мора да стане минато, изјави новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по неговиот избор.
На Македонија и е потребна силна економија со развиено домашно стопанство, и крупни инвестиции во државата. Стабилен и реален раст на БДП на ниво од прилика околу 4 проценти, а зашто да не и повеќе, рече Мицкоски и додаде:
Свесен сум во каква атмосфера поминува овој конгрес, на моменти презатрупан со шпекулации и наметнати нереални теми. Но тоа е за жал состојбата во која е политиката денес. Јас ќе се трудам политиката утре да биде поразлична.
Мицкоски е млад, перспективен кадар на Партијата. Неговото досегашно богато работно искуство е надополнето со преку 100 научни трудови, а добитник е и на повеќе меѓународни награди и признанија за иновации.
Со 376 гласови „За“, делегатите на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот конгрес го избраа Христијан Мицкоски за нов претседател на партијата на денешниот конгрес во Валандово.
На Конгресот на ВМРО ДПМНЕ во Валандово на кој треба да се избере нов претседател на партијата, Никола Груевски е прогласен за почесен член на ВМРО ДПМНЕ.
Мојот долгогодишен соработник и еден од најбриљантните умови на македонската политичка сцена, Мартин Протогер, пред некој ден ми кажа како на некој пријател му рекол за мене, цитирам: човекот го започна мандатот во партијата со нож во грб, и го завршува со нож во грб.
сегашниот МНР на Македонија со колегата од Грција вели ,,се надевам дека ќе ја препознаете новата можност,, тоа може сликовито да се илустрира, како кога студент во студенски дом влегува во собата на своја колешка која е комплетно соблeчена и му вели: се надевам дека ќе ја препознаете новата можност.
Навистина, драги мои сопартијци, еден дел од моите соработници, и тоа луѓе кои добија многу, пред се доверба и шанси, функции и големи привилегии и почести, во последните месеци неможам да ги препознаам.