Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку социјалните мрежи испрати порака до кандидатите за иден претседател на партијата, нивните соработници и делегатите на Конгресот на кој ќе се бира следниот партиски лидер.
Одлуките на Апелација со кои се потврдуваат притворите на десетината затворени македонски патриоти се класичен пример за политички прогон преку монтирани судски случаи.
Пратеникот Артан Груби од ДУИ денеска потврди дека се заршени разговорите меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ во врска со владиниот состав.
Пратениците на Беса нема да учествуваат на амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците бидејќи за нив она што се случува во Собранието е „политички театар“.
Советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка ја напуштија денешната седница на општинскиот Совет во знак на поддршка на, како што истакнаа, притворените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април.
Пред граѓаните денеска на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда се обрати Никола Србов. Тој кажа дека оваа власт владее на начинот на кој што се владеело во најцрните денови од комунистичкиот режим.
-Оваа таканаречена власт е неспособна на секое поле. Катастрофална економска политика, а за националните интереси да не зборувам. Предавничка власт, власт која ќе биде запаметена во историјата на Македонија како најнеспособна, рече Костовски.
Пред граѓаните денеска на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда се обрати Јасмина Дамчевска. Таа кажа дека во зандани се луѓе кои со голи раце и големо срце го штителе уставниот поредок на Македонија.
-Истрпела Македонија многу неправди, ќе го истрпи и ова, ќе дојде ново утро, ќе дојде нова зора на слободата. Секоја генерација си има своја борба, ова е нашата борба. Бараме правда за сите, порача Иванов.
Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да соопшти дали синоќа се одржал најавениот состанок со коалициските партнери околу пополнувањето на испразнетите министерски места, меѓу кои и она во Министерството за здравство.