Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска како апсолутни невистини ги отфрли тврдењата на претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, дека тој и ВМРО-ДПМНЕ се „организатори на неговото физичко ликвидирање“.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои со години ги погазуваа работничките права, Владата предводена од СДСМ е целосно посветена на унапредување и заштита на работничките права и решавање на проблемите на граѓаните.
СДС и Зоран Заев ќе остават повеќе од 1.000 работници на улица. Повторно се активира стечајната постапка за металуршкиот гигант „Фени“.
Граѓаните од нивните сметки за струја видоа дека цената што ја плаќаат за киловат час потрошена електрична енергија е иста како и претходниот месец.
Благодарение на политиканството на СДС и прекинот на сите капитални инвестиции кои ги започна ВМРО-ДПМНЕ, градежната индустрија доживеа вистински шок и набрзо ќе реагира преку отпуштање на голем број работници.
Од денеска ветувањето за евтина тарифа на струјата е целосно исполнето. Секое домаќинство може да користи евтина тарифа на струјата секој ден од 14-16 часот, како и од 22 часот во сабота до 7 часот во понеделник.
СДС откако е на власт за овие 5 месеци единствено што направи е уништување на економската клима во Република Македонија.
Емил Димитриев, смета дека ВМРО-ДПМНЕ ја нема изгубено довербата во традиционалното гласачко тело, тој кажа дека најтежок пораз на ВМРО-ДПМНЕ беше во 2002, кога изгубиле со 320 илјади гласови, а сега имаат 350 илјади гласови.
Му препорачуваме на обвинителството и судот, наместо да ја убиваат слободната мисла, со истата енергија да се посветат кон расветлување на коруптивниот случај каде премиерот Заев на видео снимка бара поткуп од 200 илјади евра.
Оваа Влада нема концепт и знаење како да ја води економијата. Македонија ќе продолжи економски да тоне бидејќи црното економско трио Заев, Тевдовски и Анѓушев немаат намера да ги намалат непродуктивните трошоци и буџетскиот дефицит.