Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Илија Димовски, побараа да биде повлечен Законот за употреба на јазиците, кој денеска е на дневен ред на Комисијата за европски прашања во Собранието.
Освен тоа што нема нови, и постојните се пред одлука за затворање на капацитетите. На Македонија и следи опасност од второ транзициско затворање на фабриките.
Иднината на Република Македонија се младите и нивното квалитетно образование. На стартот на учебната година, ние на сите ученици им посакуваме одличен успех, а особено на првачињата, лесно совладување на новите знаења и образовни предизвици.
Адвокатската канцеларија на Дејан Костиќ, близок на генералниот секретар Драги Рашковски очигледно е омилената канцеларија на владата на која и се исплаќаат дебели хонорари и кога треба и кога не треба.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, неможејќи да се помири со фактот што државните институции работат професионално, неселективно и во служба на законите, наместо селективно, партизирано и во служба на Никола Груевски и неговата партија.
Хајката против угостителите во Скопје која ја води УЈП мора да престане. Недозволиво е селективно, само затоа што некој не поткелкнува под притисоците на султанизмот на Заев да биде казнуван и затворан, а други без проблем да го заобиколуваат законот и за тоа влакно да не им фали.
Тие вчера на јавноста и покажаа дека имаат намера да ги кријат проблемите во здравството кои тие поради својата неспособност ги прават, наместо да ги решаваат и да понесат одговорност за истото.
Севернокорејската влада на СДС сака под целосна контрола да го стави јавното мислење. Не е доволна контролата која ја имаат над медиумите па наредно е воспоставување целосна контрола над интернетот и социјалните мрежи.
ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи изборот на нов државен јавен обвинител бидејќи е спротивно на членот 8а од Изборниот законик, најави денеска во Собранието пратеникот Илија Димовски.
Изградбата на детската болница ,,Козле” чинише 7 милиони евра. Со 320 милиони евра расипнички потрошени народни пари, неспособната влада на СДС можеше да изгради дури 45 детски клиники низ градовите и да ги опреми детските болниците со најсовремена здравствена опрема.